Берни Еклстон, осумдесет и осум годишниот некогашен сопственик на Формула 1, се прошета со сопругата Фабијана Флоси (43) низ улиците на Лондон, а парот е виден како излегува од една продавница за облека.
Двајцата се држеле за раце, а тоа што на минувачите им привлекло внимание е десното око на Еклстон кое му било затворено. Како што е познато, Берни се родил слеп токму на тоа око, заради што речиси цел живот носи наочари.
Минатата година во Лондон имаше операција за отсранување на диоптријата.
Берни досега бил три пати во брак. Прв пат се оженил во 1952 година со Ајви Бамфорд, со која ја имаат ќерката Дебора. Не е познато во јавноста кога Еклствон се разведол од нејзе. Следниот брак на Берни бил со хрватскиот модел Славица Радиќ. Тие двајца се венчале во 1985 година, а се развеле во 2009 година. Берни и Славица имаат две деца, Петра 30 и Тамара 35.
На крајот, Еклстон се ожени со Фабијана Флоси, потпреседател на маркетингот за Гран При на Бразил, 2012 година.
Како пренесуваат светските медиуми, неговото богатство се проценува на 3,2 милијари долари.
Comments are closed for this post.