Манекенката Ирина Шајк по само еден месец откако раскина со глумецот Бредли Купер уловена е од страна на папараци во прегратка со непознат маж.

Ирина била фотографирана како се прегрнува со маж за кој се воспостави дека е Алек Максвел, креативен директор на британскиот магазин „Вог“.

Иако се шпекулираше дека тоа и е новиот дечко, руската убавица и директорот не се изјаснуваат за природата на нивниот однос.

Меѓутоа, Ирина наводно во едно интервју изјави дека е поготвена да продолжи понатаму и дека и понатаму верува во бракот.

Ако ме прашувате дали се уште верувам во бракот, мојот одговор е секако дека верувам. Не сум тип на личност кој е против таа институција“, објаснува манекенката.

Потсетуваме, се шпекулираше дека Ирина и Бредли раскинаа заради неговата наводна тајна врска со Лејди Гага.