Џенифер Лопез (49) глуми во филмот „Hustlers“, кој се базира на вистинска приказна, каде поранешни стриптизети одлучуваат да ги ограбат своите богати клиенти од Вол Стрит. Џенифер се најде на удар на Саманта Барбуш, поранешна стриптизета, која тврди дека ова остварување ја украло нејзината животна приказна.

Заради тоа, таа бара парична награда, како од продуцентот на филмот така и од пејачката.

„Ако заработуваат на мојата приказна, тогаш треба да признаат дека тоа е моја приказна и веројатно заслужувам некаков надоместок. Ќе го запреме снимањето бидејќи сум погрешно претставена“, изјавила Саманта за „Њујорк Пост“.

Сепак, Саманта наведува дека и е мило што Џеј Ло ја глуми.

„Почестена сум што таа ме глуми, но мислам дека прво требала да позборува со мене. Единствено јас ја знам целата вистина, изјавила Саманта.

Џеј Ло вежба стриптиз за улогата во филмот

Саманта Барбуш инаку била главна во бандата на поранешни стриптизети кои ограбувале богати клиенти. Таа со уште неколку колешки ги дрогирале мажите на кои подоцна им ги краделе парите и кредитните картички. Главно тоа биле оженети мажи.

Заради ваквите дела Саманта била осудена на пет години условна казна.