Почина актерот Данчо Чевревски

30.10.2020 / 9:04


Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец и продуцент Данчо Чевревски почина синоќа во Скопје на 69 годишна возраст.

Чевревски е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес.

Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТИРАНГЛ, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот.

Глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои „Игмански марш“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“.

Добитник е на повеќе награди во текот на неговата плодна кариера, а минатата година на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на ТВ.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Магазин

Гардеробата на Боки чини пола милион евра (ФОТО)

пред 3 дена
Магазин

Дончиќ е луд по Бресквица

пред 5 дена
Магазин

Не е болест се што боли: Виното потекнувало од Пазарџик, Бугарија пред 7000 години?

пред 5 дена
Магазин

K-POP FOREVER! – Глобалниот K-POP спектакл пристигнува во Скопје на 28 февруари 2026

пред 6 дена
Два концерти во една вечер во „Борис Трајковски“

Годините за нив не минуваат: Владо и Бајага се евергрин (ВИДЕО)

пред 1 нед.
Магазин

Нема јавање магаре на Санторини ако сте потешки од 100 кила

пред 1 нед.
Магазин

За Чеда Јовановиќ и дечкото не постои ден и ноќ

пред 1 нед.
Магазин

Денеска е Задушница, Св.Трифун и Св.Валентин

пред 1 нед.
Магазин

Бајага и Владо на денот на вљубените со концерт во „Борис Трајковски“

пред 1 нед.
Магазин

Уште четири дена до концертот на Владо Јаневски и Бајага во „Борис Трајковски“

пред 2 недели