Примамливата Ирина Шајк стана хероина на насловната страница на најновиот број на Vogue Czechoslovakia. Рускиот модел за списанието позира гола-покривајќи го телото со само две плочи.

Храбрата поза не е избрана случајно. Основната тема на најновиот број на списанието е односот кон личниот простор за време на ковид пандемијата.

-Дали нашиот дом е се уште наш личен простор или ние му ги отвораме вратите за нови посетители и го претвораме во јавен простор при секоја конференција или видео разговор на Zoom, прашува редакцијата на списанието.

Фотосесијата е направена во градината на дирекцијата на Versace во Милано. И местото не е избрано случајно, зашто Ирина е во многу добри односи со сестрата на модниот дизајнер Џани Версаче-Донатела, која денес го води брендот.