На северот од хрватското приморје, во Бакарскиот залив снимена е огромна риба за која се мислело дека е ајкула, па настанала вистинска паника меѓу пливачите.

Од Институтот за океанографија и рибарство порачаа дека веројатно станува збор за огромен примерок на туна, а не за ајкула, пренесува Дневно.хр.

На местото каде рибата е снимена, секојдневно се капат луѓе, а судејќи по реакциите, ваквата ситуација многумина ги извади од водата.

Бакарскиот залив е многу популарен заради туните, затоа доколку се возите по магистралата крај Бакарскиот залив, може да ги забележите „туноловките“ со кои рибарите проценуваат каде се наоѓа јатото.