Вакцината против ковид по бројни тестови кои потврдија дека е безбедна почна да се користи насекаде низ светот. Се дава во две дози, по што се стекнува имунитет против коронавирусот, но создава имунитет и на нови видови на вирус, како што е оној во Британија.

Сепак, како и со која било друга вакцина, некои луѓе не можат да ја примат. Ова не треба да создава конфузија, туку треба да разјасни за која група луѓе станува збор и зошто е поопасна за нив отколку за другите.

Д-р Вилијам Шафнер, специјалист за инфективни болести на Универзитетот Вандербилт во Тенеси, за Healthline изјави дека вакцините Модерна и Фајзер се безбедни.

Научно, овие вакцини се ригорозно тестирани од два надворешни, солидни комитети, луѓе кои не се поврзани со компании или влада. И двете вакцини ги поминаа тестирањата – објасни тој.

Д-р Ана Лиу, лекар за инфективни болести од Здравствената заштита во Стенфорд, Калифорнија, рече дека нема причина за загриженост за потенцијални долгорочни несакани ефекти од вакцинацијата.

Луѓето кои се загрижени за долгорочни несакани ефекти може имаат погрешно разбрано за тоа како функционираат вакцините. Тоа не е нешто што останува во вашето тело многу долго, а генерално имунолошкиот одговор е прилично брз. Вакцината не е како лекови што можат да се акумулираат во вашето тело, најмногу неколку недели – изјави Лиу за Healthline.

Експертите велат дека нема вистинска разлика во безбедноста или ефикасноста помеѓу вакцините Модерна и Фајзер.

Според моја проценка, тие изгледаат многу слично и од аспект на безбедноста и од аспект на ефективноста, така што не можам да изразам преференции за една или за друга –  рече д-р Дин Блумберг, раководител на детски заразни болести на Универзитетот во Калифорнија Дејвис.

Кој не смее да се вакцинира?

Сепак, постојат групи на луѓе кои не треба да се вакцинираат или треба претходно да се консултираат со лекар:

– луѓе со алергии на лекови и вакцини

– бремени или жени кои дојат

– луѓе кои се позитивни на ковид-19

– луѓе со специфични и тешки здравствени проблеми

– деца и адолесценти

Некои луѓе кои примиле вакцина доживеале тешки алергиски реакции. Затоа, Центрите за превенција на болести во САД препорачуваат луѓето кои претходно се алергични на која било состојка во вакцината, да претпочитаат да не ја примаат. Исто така, луѓето кои имале сериозна алергиска реакција на други видови вакцини или терапии со инекции треба да разговараат со својот лекар за тоа што би било најдобро за нив.

Оние кои имале, па дури и сериозни алергиски реакции на храна, отрови, домашни миленици, сепак можат да се вакцинираат.