Отровот од скорпија, не само што е опасен, туку може да ви помогне да заработите милиони  долари. Средоземната  жолта  скорпија  е една од најопасните шкорпии на планетата, но  нејзиниот  отров е најскапата течност во светот – нејзината вредност е 39 милиони за само 3,78 литри.

Дури и ако  имате  пари, едноставно не можете да купите еден литар отров, бидејќи може  да го добиете само  во мали количини. Имено, за 130 долари ќе добиете само капка помала од зрното од шеќер.

Причината е многу едноставна: многу е тешко да се добие отров. Оваа скапоцена течност мора да се извади рачно, а само  од  една скорпија, може да се извади, најмногу до два милиграма отров.

Основачот  на “Venomtech”  фармацевтска компанија која се занимава со производство на лекови, Стив Трим е еден од неколкуте  храбри луѓе кој е подготвен да го искористи моќниот отров на скорпијата , затоа што содржи многу корисни состојки кој можат да помогнат во развојот на медицината, односно идентификување  на големината и местата кај што се наоѓа ракот, или елиминација  на маларијата кај комарците

Ова се само некои од медицинските бенефити, кој истражувачите ги понајдоа во отровот на скорпијата. Што повеќе се истражува  се дознава повеќе за нејзината корист, што значи дека побарувачката за  овој чудотворен отров продолжува   да расте