Некоја  храна може да ги заштити белите дробови од оштетување на чадот од цигарите.

Ако сакате вашите бели дробови да бидат здрави, тогаш  прекин на пушењето е вистинската работа.  Но, исто толку важно е и   она што се наоѓа во вашата чинија, затоа што некои  видови на производи  може да го подобрат здравјето на вашите бели дробови.

Во една студија, биле објавени резултатите од истражувањето во кое  учествувале  680 луѓе, од кои некои биле  непушачи, некои поранешни пушачи и  актуелни пушачи. Одговориле на прашања во врска со нивната тековна исхрана и биле подложени на мерење на спирометријата, тест кој ја мери функцијата на белите дробови врз основа на дишењето и издишувањето.  Тестот  го повториле   десет години подоцна.

Истражувачите дошле до заклучок дека, поранешните пушачи кои консумирале  повеќе јаболка, банани и домати, помало   било оштетувањето  на нивните бели дробови во тој период.

Ова е многу важно бидејќи стареењето и пушењето се најголема причина за намалување на функцијата на белите дробови. Оваа храна е добра, бидејќи содржи многу антиоксиданти кои помагаат да се намали респираторното воспаление и  да се подобри здравјето на белите дробови.

Друга група на антиоксиданти наречени флавоноиди, исто така, можат да бидат одговорна за ова. Овие состојки се наоѓаат во голем број овошја и зеленчук кои го  олеснуваат дишењето. Ова објаснува зошто јаболката и бананите се поврзани со помало намалување на функцијата на белите дробови.

Овие непријатности помагаат во враќањето на оштетеното ткиво на белите дробови предизвикано од долготрајното пушење. Претходните истражувања покажаа дека луѓето кои јадат храна богата со каротеноиди (пигмент во портокалово, црвено и жолто овошје) имаат помалку шанси да заболат од  рак на белите дробови.