Меган Маркл и принцот Хари го очекуваат своето прво дете, потврдено е денеска од Бекингемската палата, а сега на површина испливаа нови детали околу бременоста на Војвотката од Сасекс.

Меган Маркл и принцот Хари во петокот присуствуваа на венчавката на принцезата Евгенија, и како што пишува „Дејли Мејл“ токму таму ја обелодениле веста за бременоста.

Меѓутоа, тоа предизвика вистински скандал со оглед на тоа дека веднаш во огромен број кружеа коментари дека не било фер од нивна страна, зошто како што се наведува, „и го украле денот“ на принцезата Евгенија која тој ден требало да биде во центарот на вниманието.