Невладината Охрид SOS на социјалните мрежи реагира на рушењето на хотел Парк во Охрид неажурноста на Управата за заштита на културното наследство и објави за уште еден случај на заобиколување и изигрување на начелата за заштита во стариот дел на Охрид од страна на Управата за заштита на културното наследство и Завод и музеј Охрид.

ИЗМЕСТЕНОСТ

Наместо да летаат оставки и достоинствено да се признае личната одговорност, за да почне да се враќа дел од довербата на јавноста по скандалозното талибанско рушење на уникатен пример и ремек-дело на современата македонска архитектура, ресторанот/дискотека „Парк“, македонските институции продолжуваат во својот препознатлив манир: направи колосална грешка, забриши си го задникот со законот – што од неспособност што од калкулантство, па обвинувај странски служби, зли сили и демони, или – по најново – активисти-волонтери.

Четири дена не можеме да се досмееме (со солзи, секако!) на изјавата на директорот на Управата за „заштита“ на културното наследство – Ацо Костов.

Костов вели ние од Охрид ЅОЅ СМЕ ИМАЛЕ ЦЕЛА ГОДИНА да ја поднесеме иницијативата за заштита на „Парк“. Го прашуваме партиски наместениот чиновник чијашто единствена должност е да работи во служба на јавниот интерес почитувајќи го и штитејќи го владеењето на правото, дали воопшто го има прочитано законот кој му е основна алатка за работа како раководно службено лице на институција задолжена, парадоксално, за заштита на културното наследство?! Ги знае ли тој воопшто сопствените обврски, еве, најмалку од членот 39 од Законот за заштита на културното наследство? Што работи Костов ако не работи по закон? Што работел и тој и што работеле неговите колеги од Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид откако се партиски наместени на функциите? Наместо да си ја свитка опашката и да си поднесе оставка од морални причини, тој уште се дрзнува да става во уста активисти што му ја вршат работата за која тој е платен со јавни пари, за да ги обвинува затоа што не му ја завршиле на време?!

Па вие сте господине Костов, суровина за бурлеска! А штом немате грам морал за да си поднесете оставка за ваква извонредна неспособност и работење спротивно на законските прописи, владата има должност итно да ве разреши за да се постигне каква-таква контрола на штетата врз културното наследство на единствениот УНЕСКО Регион во Македонија; особено имајќи предвид дека ги исполнувате сите услови од чл. 144-в ст. (2) од Законот за заштита на културното наследство. Условите за разрешување ги исполнувате до таа мера што на предлог на Министерството за култура, владата одобри да се формира посебна Комисија за Управата која ја водите (ни сам не знаете на каде) и тоа за давање „стручна помош за мислењата и за актите изготвени од Управата за заштита на културното наследство.“

Во меѓувреме Охрид ЅОЅ објави за уште еден случај на заобиколување и изигрување на начелата за заштита во стариот дел на Охрид од страна на Управата за заштита на културното наследство и Завод и музеј Охрид. И во овој случај пак, гоподине Костов, ние ви ја работевме работата, наместо вие до сега да имавте донесено решение за повлекување на издаденото конзерваторско одобрение – што е уште еден доказ за некомпетентноста на Управата. Се работи за куќа на само 30 м од ЗиМ, за која УЗКН и ЗиМ – две „професионални институции задолжени за заштита“ го одобриле идејното решение. За истото тоа идејно решение, Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион донела свое решение во кое се вели „Објектот што се планира да се гради не ги почитува повеќето критериуми за зачувување на изворната состојба на градбата […] но и претпоставените урбанистички услови дадени во општите начела за урбанистичкото планирање за старото јадро на град Охрид.“

Целосна изместеност и нула професионалност. Со вакви генијалци, добро е што уште постоиме на карта, велат од Охрид SOS.

ИЗМЕСТЕНОСТ

Наместо да летаат оставки и достоинствено да се признае личната одговорност, за да почне да се враќа дел од…

Posted by Охрид SOS on Thursday, April 1, 2021