Огнени црви, чија должина може да достигне и до 30 сантиметри, претставуваат сериозна закана за туристите и локалното население во Будва, поточно на Словенската плажа.

Нивниот невротоксин предизвикува вртоглавица, главоболка и други алергиски симптоми кои можат да траат и до два дена. Овие црви, според истражувањето на Националниот институт за морски истражувања на Црна Гора, предизвикуваат штета и на рибите.

Станува збор за „многу отровен вид на морска гасеница – Огнен црв“. Се советува дека ако ги забележите најдобро е да ги уништите со запалка.