Денеска беше одложено првото рочиште од судењето на Огнен Врањеш и Јелена Карлеуша. Фудбалерот се појави пред судот во Нов Белград придружуван од неговиот адвокатски тим, но пејачката Карлеуша не се појави. Рочиштето е одложено за неколку недели.

Јелена денеска не се појави во судот. Приложи посмртница од нејзината мајка и тоа беше причината заради која не се појави. Нема поминато ниту 40 дена од смртта така што рочиштето е одложено и закажано е вонредно рочиште на 22 април“, изјавиле адвокатите Милица Јачимовски и Бранислав Богдановиќ.

Потсетуваме, пејачката одлучи правдата да ја побара на суд и го тужи Врањеш заради тоа што, според нејзиното кажување, тој во јавноста ги објавил експлицитните фотографии за кои тврди дека е Карлеуша, што пејачката го демантираше.

Фудбалерот, од друга страна, возврати со контратужба за повреда на угледот и честа, а денешната средба во основниот суд во Белград е иницирана токму од Врањеш.