Во кубанската престолнина Хавана е отворен специјален центар за зачувување на оставина на големиот Ернест Хемингвеј. Еден од најзначајните американски писатели и новинари на Куба живеел 21 година и тука ги има создадено своите најпознати дела.

Центарот е отворен со специјална церемонија, а неговата изградба е заеднички финансирана од Куба и од САД и има за цел да ја покаже добрата соработка меѓу двете држави, наспроти повторното заладување во односите во последните месеци.

Центарот е подигнат на место каде во минатото живеел Хемингвеј. Зградата е опремена со специјална техника и систем за вентилација за да се зачува пишаното наследство на големиот писател.

Хемингвеј пристигнал во Финка Вихија-така се нарекува вилата, што денес е музеј, во текот на 1939 година или една година пред да биде објавен романот „За кого бијат камбаните“.

Според локалните писатели, додека престојувал на имотот крај Хавана, Хемингвеј ги напишал „Старецот и морето“, „Бескраен празник“…Куба ја напушта во 1960 година, по Кубанската револуција и неколку месеци пред да посегне по својот живот во САД. Во Куба е останат голем дел од литературното наследство на авторот, а државата вложува напори да го зачува.