Боси и во костими за капење и за на плажа ја претставија најновата пролет-лето колекција на модната куќа „Шанел„.

Меѓутоа, ревијта не се одржа на Азурниот брег или на нкое од тропските мориња, туку во самиот центар на Париз.

Меѓу посетителите беа забележани пејачот Фарел Вилијамс и Памела Андерсон.

Традиционално облечен во црно, дизајнерот-ветеран на модната куќа Карл Лагерфелд ја поздрави публиката и ги доби нејзините бурни овации. Грандиозната ревија стави точка на Неделата на модата во Париз.