Ѕвездата во подем, атлетичарот Роб Керни, исто така познат како “Најсилниот геј во светот”, се пријави на натпреварот за најсилен човек во светот што се одржува во Бредентон, Флорида, во надеж дека ќе го порази актуелниот шампион Хафтор Бјорнсон, кој е познат по улогата на “Планината” во тв серијата „Игра на тронови“.

Стана познат по улогата на Грегор „Планината“ Клигејн во петтата сезона од серијата Игра на Тронови

Керни е познат по тоа што е мајстор во кревање тежина и веќе некое време ги урива стереотипите кон ЛГБТ заедницата, но 27 годишникот по се изгледа дека најголемо влијание од неговата кариера ја доживува во 2019 на натпреварот на Најсилниот човек во светот, каде се надева дека ќе го сруши стереотипот како геј мажите треба да изгледаат и да дејствуваат.

„За ЛГБТ заедницата, дефинитивно ќе биде доказ, најсилниот човек на светот да биде геј маж“, изјави Керни.