Првата дама на Америка, Меланија Трамп за приемот на претседателот на Полска и неговата сопруга во Белата куќа изненади, но и ги воодушеви сите модни критичари.

Модниот избор на Меланија беше право освежување имајќи предвид дека во последно време често се појавува во елегантни фустани. Оделото кое таа го носеше беше во бледо розева боја и е креација на модната куќа Келвин Клајн.

Малку долгото сако со широки панталони Меланија го искомбинирала со класична бела кошула.