Помалку од десет часови не делат од големиот спектакл, концертот на Здравко Чолиќ. Настапот се најавува како едно големо шоу на кое Здравко ќе испее околу 50 хитови а ќе трае околу 3 часа. Поставена е најголема бина од 450м2 на неколку нивоа, со специјалние расветни тела и пиротехника.

Ве очекува позитивната атмосфера и музиката на Чолиќ да го освои секое срце во центарот на Скопје во сабота, 15-ти јуни 2019, во 21.00 часот. За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Чолиќ ќе може да го обезбедат тоа онлајн на www.kupikartizase.com и од Пола Југотон и цвеќара Розе – Веро 2. Подгответе се за невиден и исклучителен спектакл и вечер која секој кој ќе помине низ портите на Градскиот стадион на 15 јуни 2019 ќе ја памети засекогаш, велат организаторите.