На германскиот фестивал на пивото во Минхен, Октоберфест, којшто беше затворен вчера, биле испиени 7,5 милиони литри пиво.

Меѓу 6,3 милиони посетители беа и Бил и Хилари Клинтон, некогашниот претседател на САД и поранешната американска државна секретарка.

Количеството пиво испиено годинава е еднакво на минатогодишното, а испиените безалкохолни пијалаци се за 10 отсто повеќе. Посетителите пак, биле 100.000 повеќе, а инцидентите – 10 проценти помалку, соопштија организаторите.

Манифестацијата помина во добра атмосфера, а организаторите велат дека немало никакви проблеми. Немало ниту безбедносни проблеми, со оглед дека беше присутен голем број припадници на обезбедувањето.

Се знае дека следниот „Октоберфест“ исто така ќе трае 16 дена и дека ќе почне на 21 септември 2019 година.