Британскиот трговец со уметнички дела изјави дека го купил муралот што го направи уличниот уметник Бенкси на ѕидот од една гаража во Велс за повеќе од 100.000 фунти, односно 113.000 евра.

Делото во Порт Талбор прикажува момче како си игра додека паѓа пепел од огнот од ѓубрето, што изгледа како референца на загадувањето од челичарниците во тој град.

Откако делото осамна во декември на гаражата на работниците во челичарницата, ангажирани се чувари.

Јас го купив и тоа ме чини сума од шест бројки, изјави Џон Брандлер, додавајќи оти муралот му го позајмува на градот Порт Таблот во следните две до три години.

„Сакам Порт Талбот да биде место каде што се доаѓа, а не место од каде што се заминува. Размислувам да донесам уште пет-шест „бенксија“ во Порт Талборт. „Ајде да направиме изложба“, рече тој.

Бенкси, кој го крие своето име, е најпознат уличен уметник во светот.