Нова другарка за Кан и шимпанзото Коко со пријателите пристигнуваат во Скопје ЗОО, информираат од Скопската зоолошка градина.

Оваа пролет, морскиот лав Кан покрај своите зоо негуватели, ќе има и нова пријателка. Морската лавица ќе пристигне од Нинберг, а моментално се прават подготовки и за реновирање на живеалиштето со цел да имаат идеални услови за заеднички живот. Новиот дом на Коко е во финална фаза, а шимпанзото во Скопје пристигнува со уште три шимпанза со кои бил неразделен во Холандија. Живеалиштето за шимпанза е по светски стандарди, а зоо негувателите кои ќе се грижат за нив поминуваат и обуки во Холандија.

Во мај и јуни пристигнуваат и многу други животни, велат оттаму.

Сакаме оваа година да влеземе во ЕАЗА ( Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми). Мај и јуни ќе бидат месеците во кои зоолошката ќе ги добие животните кои и недостасуваат. Зебри, лавови, еланд антилопи, белоносести коати и нови птици. Паралено започнавме и со изградбата на објектот за фламинга и пингивини и со реновирање на други живеалишта како базенот на Кан. Ветивме европска зоолошка градина, тоа и ќе го направиме“ – изјави директорот на Зоо Скопје, Ѓорѓи Галетановски.