Носителката на титулата „Најсексипилна баба на светот“, Џина Стјујарт, објави дека веќе стравува да објавува разголени фотки, зашто од Инстаграм и се заканиле дека ќе и го затворат профилот.

За австралиски „Дејли мејл“, Џина призна дека многу и значи профилот:

Работев толку внимателно за да добијам следбеници и сакам да се поврзувам со фанови на социјалните мрежи. Сега стравувам дека ќе изгубам се, изјави таа.

Речиси сите фотографии на 48-годишната баба се разголени и провокативни и за да ги сачува следбениците, таа често ги објавува на Твитер, каде правилата не се толку строги во споредба со Инстаграм.