Навикнат да носи црвено, но овојпат Мохамед Салах стапна на црвениот тепих и се сретна со некои од познатите лица во Њујорк, каде прославуваше што се најде во списокот на 100 највлијателни луѓе во светот.
Ѕвездата на Ливерпул присуствуваше во Линколн центарот, рамо до рамо со ѕвездите, вклучувајќи го и добитникот на Оскар Рами Малек, кој годинава ја освои наградата за филмот „Боемска рапсодија“ за фронтменот на бендот „Квин“, Фреди Меркјури како и ѕвездата на серијата „Игра на тронови“, Емилија Кларк.
На Салах му беше дадено слободно време од шефот на црвените, Јирген Клоп за да присуствува на церемонијата, а ќе се врати на време за дуелот на домашен терен на Ливерпул против Хадерсфилд во петок вечер.
Откако минатата недела беше именуван на листата „100 највлијателни“, Салах даде инспиративен говор во кој повика на подобар третман на жените ширум светот.
Треба да го смениме начинот на кој ги третираме жените во нашата култура, така мора да биде, тоа не е опција“ – рече тој.
Comments are closed for this post.