Екипата на македонскиот докуметарн филм „Медена земја“ нема да добие државна награда како што ѝ вети Владата, бидејќи нема правна основа за тоа, а за парична наградата ќе се снаоѓаат од резервите на Буџетот, дознава „Република“.

„Медена земја“ синоќа во Лос Анџелес, за жал, не доби Оскар, иако беше номиниран во две категории – за најдобар документарен филм и за најдобар интернационален филм.

Владата на сединцата одржана на 21 јануари одлучи протагонистите на документарецот „Медена земја“, Атиџе Муратова и семејството Хусеин и Љутвие Сам со осум деца, да добијат материјална помош и домови. „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов испиша историја со тоа што стана прв македонски филм кој доби две номинации за Оскар, за најдобар документарец и најдобар интернационален филм. Продуцент е Атанас Георгиев, а кинематографери се Самир Љума и Фејми Даут.

Владата на седницата одржана на 21 јануари разгледувајќи ја информацијата за владините акативности поврзани со протагонистите и филмската екипа на „Медена земја“ во точката 2 го задолжи Министерството за култура да обезбеди државна награда соодветна за достигнувањето на петчлената екипа која го сними филмот, а наградата треба да предвиди признание за успехот и месечен материјален надомест.

Владата на седницата што тогаш се одржа во Штип, а како што соопшти прес-службата, донелa повеќе одлуки за признание за авторите и протагонистите на филмот, а една од нив е Министерството за култура да обезбеди државна награда соодветна за достигнувањето на петчлената екипа која го сними филмот, која треба да предвиди признание за успехот и месечен материјален надомест