Луксузната јахта „Истранка“, брод кој е изграден уште во 1959 година и кој припаѓал на Јосип Броз Тито, вплови во пристаништето на Ибица.

Јахтата припаѓала на Тито се до неговата смрт во 1980 година, а денеска може да се изнајми за неверојатни 70 илјади евра неделно.

Како што пишуваат шпанските медиуми, јахтата долга 44 метри своевремено ги угостила и Софија Лорен и Елизабет Тејлор.

Тито, како што се наведува, оваа јахта ја користел за дипломатски состаноци, како и за крстарење на Бриони.

После повеќе од 20 години служба на Тито, „Истранка“ е пренаменета помеѓу 1999 и 2006 година и станала луксузна јахта. Тогаш, припаѓала на италијанскиот бизнисмен Неиру Александри, основач на спортсиот бренд „Техноџим“.

Денеска, оваа јахта плови по долги рути низ Средоземното море и регистрирана е во Легурија, Италија.

Може да плови со 12 патници, иако нејзиниот капацитет е за осум лица распространети во четири соби, со уште осум членови на екипажот.

На оваа јахта не може да се качат сите, бидејќи потребно е да се издвојат 70 илјади евра неделно.