Порше Тајкан е првиот електричен автомобил на компанијата која овој модел ќе го претстави на 4 септември. Досега не се откриваше многу, а сега се отвори можноста возилото да се види однатре.

Тоа што Порше го истакнува е дека ќе биде првиот фабрички модел кој комплетно ќе го интегрира „Епл Мјузик“ и така на корисниците ќе им понуди пристап до базата од преку 50 милиони песни.

Вклучен е и бесплатен интернет во времетрање од три години.

Кога станува збор за командната табла, во голема мерка потсетува на моделот 992, додека воланот буквално е префрлен од моделот 911.

Тука се и различните модови на возење како Нормал, Спорт, Спорт+, Индивидуален и „Ренџ“.

Порше се уште не ги открива техничките спецификации на моделот, но потсетува дека ќе има 600 коњски сили и до 200 километри на час ќе ги постигнува за помалку од 10 секунди.