Меган Маркл и принцот Хари го честитаа почетокот на „Месецот на гордоста“. Тие на својот официјален инстаграм профил потсетија колку ги поддржуваат сите организации и поединци кои припаѓаат на ЛГБТ популацијата.

Традиција е да ги следиме случувањата од месец во месец, од ден во ден. Од нив да ги издвојуваме оние најважните и да ги славиме. За месецот јуни тоа е дефинитивно манифестацијата „Парада на гордоста“ која само што почна и ќе трае 30 дена“, се наведува во постот.

Во напишаното уште стои како двајцата се рамо до рамо со ЛГБТ луѓето и како ги поддржуваат во нивните барања, посебно оние за легализирање на истополовите бракови и ширење на семејството.

Љубовта е едноставно љубов“, потсетуваат членовите на кралското семејство.

Пораката која е поставена на инстаграм е проследена со колаж слики.

Меган и Хари се поврзани со многу познати личности кои поддржуваат или се дел од ЛГБТ и сметаат дека единствено со заедничка борба можат да ја сопрат дискриминацијата и насилството над оваа популација.