Лимузината на рускиот претседател, Владимир Путин, од марката „Аурус“ привлекува големо внимание помеѓу љубителите на автомобилите ширум светот, а посетителите на саемот за наоружување во Абу Даби имаа прилика да видат како ова моќно возило изгледа од внатре.

Оваа руска автомобилска марка освен претседателска лимузина во својата понуда има и луксузен седан, СУВ и МПВ возила за потребата на функционерите од земјата, но и за продажба на слободниот пазар.

На снимката помеѓу останатото се гледа и луксузно опремениот ентериер во кожа, како и голем ЛЕД ТВ Екран на преградата меѓу предниот и задниот дел од патничката кабина. На Меѓународниот саем за наоружување „ИДЕКС 2019“ во Абу Даби претставено е блиндирано претседателско возило, како она во кое се вози Путин.