На 85-годишна воздраст почина Карл  Лагерфелд, еден од најпознатите светски модни креатори.

Лагерфелд е германски моден креатор, уметник и фотограф.  Има соработувано на многу проекти поврзани со уметноста и модата, најмногу како главен креатор и креативен директор на модната куќа Шанел. Лагерфелд раководи со неговата сопствена модна куќа, како и со италијанската куќа Фенди.

Медиумите пренесуваат дека Лагерфелд починал по кратко боледување, а причината за смртта се уште не е позната.