Музичарот и пејач на култната група Продиџи, Кејт Флинт е пронајден мртов во својот дом во Дамоув, Есекс. Имаше 49 години, објавија британските медиуми.

Полицијата од изутрина се наоѓа на имотот на музичарот, но според сегашните информации смртта не ја третираат како „сомнителна“.

Меѓутоа неговот другар од групата, Лиам Хоулет подоцна објави на Инстаграм страната на Продиџи:„Веста е вистинска, не можам да верувам дека го кажувам ова, но нашиот брат Кејт си го одзеде животот викендов. Шокиран сум и е…лут, конфузен и скршен. Р.И.П. брате“.’

„Бевме повикани утрово околу 08.10 часот заради загриженост за здравјето на еден маж. Кога стигнавме, за жал, 49-годишниот маж беше прогласен за мртов. Неговите најблиски роднини беа известени. Смртта не е сомнителна, а телото ќе биде дадено на обдукција“, изјави портпаролот на полицијата.

Портпаролката на Брзата помош изјави дека брзата помош на местото стигнала по 8 часот на повик дека маж се онесвестил.

„За жал не можевме да му помогнеме“, изјавила портпаролката.

Продиџи својата слава ја доживеа на почетокот на 90. години на минатито век. Кејт Флинт првобитно беше само танчар во групата, а потоа кога почна да пее, а особено заради своите впечатливи настапи во живо, Продиџи станаа култна британска група.