Земјоделски производители од централна Индија се жалат дека диви папагали вршат редовни напади врз афионови плантажи. Птиците, кои се навлекле на опиумот, научиле кога и како да ги напаѓаат растенијата.

Фотографии покажуваат како дивите папагали ги кинат афионовите чушки. Некои од птиците со себе носат и цело растение.

Опиените птици удираат во дрва и летаат цик-цак се додека не престане дејството на наркотикот. Фармерите се жалат дека големи јата доаѓаат да ги колват чушките по 30-40 пати дневно. Понекогаш птиците ги чекаат луѓето да ги изрежат чушките за да созреат побрзо. Фармерите раскажуваат дека папагалите станале толку зависни од опиумот, што им се наметнува деноноќно да стражарат по полињата.

Папагалите често можат да се видат зашеметени легнати по полињата. Меѓутоа, откако ќе престане дејството на опиумот, тие се повлекуваат и подоцна се враќаат за да нанесат „нов удар“.