Ирска донесе нов закон за возење во пијана состојба, кој веднаш стапува во сила. Според законот, секој кого полицијата ќе го фати дека вози над дозволената граница алкохол во крвта ќе ја изгуби возачката дозвола на самото место.

Досега, Ирска имаше систем на казнени бодови, но поради големиот број несреќи предизвикани од пијани возачи, одлучи да усвои построги закони.

Малку работи се толку неодговорни и опасни во секојдневниот живот како луѓето кои пијат, а потоа возат. Сосема е погрешно тие луѓе да добиваат благи казни и да им се впишуваат казнени поени и поради тоа во иднина луѓето кои се однесуваат на овој начин автоматски ќе бидат исклучени од сообраќај на три месеци, најави министерот за транспорт Шејн Рос.