Ќерката на холивудскиот актер Силвестер Сталоне, Систина , објави на Инстаграм фотографија од островот Вис.

21- годишната ќерка на Сталоне , заедно со целото семејство се на летен одмор на хрватското приморје , каде летуваат на луксузна јахта.

Систина објави фотографии на Инстаграм од одморот на островот Вис , каде ја посетила и сината пештера. Нејзините фанови , над милион , во коментарите и завидуваа на убавините на местата што ги посетила .

Семејството на Сталоне беше на островот Хвар , каде биле на вечера во познат ресторан. Тие летуваат на јахтата меира, една од најлуксузните во Хрватска , долга 55 метри.