Музичарот Златко Ориѓански ќе биде првиот директор на новиот Културно-информативен центар на Македонија во Тирана, одлучи Владата

Предлогот доаѓа по потпишаната Спогодба меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Албанија за основање Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Тирана и Културно-информативен центар на Република Албанија во Скопје.