Бујар Мули, познат како „Косовскиот Хулк“, веќе два дена чека одговор од српскиот боксер Вељко Ражњатовиќ, син на Аркан, дали прифаќа борба во ринг.

„Силниот“ Мули, кој се занимава со екстремни спортови, дига тегови со импресивна тежина, влече камион, крева трактор, вели дека добил чуден одговор од Вељко.

Родениот во Германија, Мули, побарал од српскиот боксер да се соочат во рингот. На поканата, синот на Аркан на кирилица вратил дека „не го разбира“, а потоа го заклучил профилот за косовецот.

„Бев среќен кога видов дека ми вратил на пораката, мислев дека прифатил да се бори, но испадна обратното, одби да се соочи и го заклучи неговиот фејсбук профил, пишува Мули.

Потсетуваме, неодамна српскиот боксер ја прифати поканата на албанскиот боксер, Петрит Мазрекај, на борба во ринг на крајот од август.

Денеска, премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, го прими боксерот Мазрекај, кого го мотивираше пред борбата со синот на Аркан и му подари национално знаме.

Петрит Мазрекај е од Косово, но живее и работи во Австрија.