Кијану Ривс ги овековечи отпечатоците од своите дланки и нозе во цемент пред ТЦЛ Кинескиот театар во Лос Анџелес.

Сакам филмови. Господе, сакам филмови! Сакам да ги гледам, сакам и да ги правам. Чест е да се биде овде денеска на оваа холивудска благословена земја – изјави Ривс за време на церемонијата.

На тој начин, филмската ѕвезда од, во моментов актуелниот хит „Џон Вик 3“, ја прослави својата богата кариера со скоро 100 филма зад себе.