Eмисијата САТ објави цртеж на новата „Панда“ врз основа на инсајдерски информации за тоа како ќе изгледа идниот автомобил од Крагуевац.

Но, новото издание на „Пандата“ деновиве повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста со прикажување на уште една дизајнерска студија. Се нарекува „мега панда“ и е забележливо поголем од постоечкиот модел.

Линиите се инспирирани од овалната форма на тест патеката Lingoto сместена на покривот на поранешната фабрика во Торино, што може да се види во елементи како што се таблата со инструменти и мултимедијалниот екран. Модуларната платформа ќе овозможи и други форми на каросерија, пишува RTS.

Без разлика на дизајнерските напори, се очекува „пандата“ да биде еден од поевтините автомобили во Европа.