Со присуство на многу соработници, пријатели и медиуми денеска напладне Калиопи го промовираше новиот албум насловен „Албум“. Покрај носачот на звук, таа ги промовираше и шесте видеоспота снимени за новите песни.

На овој албум, како и на претходните, автор е нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил, кој е задолжен за скоро сите хитови од почетокот на нејзината кариера.