Скратен животен простор е вообичаена појава во Јапонија, посебно во Токио каде цената на становите е многу висока. Австралијката Ема на тоа била подготвена кога од нејзината земја се преселила во земјата на изгрејсонцето заради работа.

И покрај ова, потребно и било време да се навикне да фактот дека ќе живее во стан од само осум квадрати за кој плаќа околу 550 евра месечно.

Минијатурниот стан е поделен на спална соба, мини-кујна, бања и работен простор, а покрај сè има и простор за изведување на јога вежби.

Од класичниот мебел и недостига трпезариска маса со столчиња, но тоа вели повеќе може да го препише на јапонската култура отколку на малиот простор. Јапонците, имено, најчесто јадат во седната положба.

Јутјуб каналот „Живеење на големо во мала куќа“ го снимил нејзиниот несекојдневен стан од само 8 метри квадратни.

Како изгледа животот во скратен простор, погледнете од видеото.