Кукла која може да биде момче, девојче или можеби дури и двете. Ова веќе не е неамисливо бидејќи познатата компанија Мател, фирма која ја креираше популарната Барби кукла, започна со продажба на „родово неутрални“ пластични човечиња.

Целта на компанијата е конечно да стави крај на сите предрасуди со што треба да играа момчињата, а со што девојчињата.

Играчките се рефлексија на култура и бидејќи светот го слави позитивното влијание на инклузивноста, одлучивме да креираме кукли кои ќе го надминат тоа, кои нема да имаат никаква етикета, изјави една од шефиците на Мател, Ким Калмон.

Куклите може да се најдат во различна боја на кожата, а секоја од нив може да има и кратка и долга коса во зависност што купувачите сакаат. Во пакетот се добива и облека меѓу која се наоѓаат и фустани и панталони, а тука се и различните видови кондури.

Како што напиша „Тајм“, овие кукли се разликуваат од класичните кукли Барби, бидејќи усните не им се премногу полни, нивните трепки не се премногу долги, исто така, немаат гради и немаат широки раменици.