Изложбата „70те и 80те во македонската ликовна уметност“ која беше отворена на 25 декември, минатата година ќе биде достапна за јавноста до крајот на февруари.

Кураторка на поставката е Марика Бочварова Плавевска.
Музејот, од вторник до сабота е отворен од 10 до 20 часот, а во недела до 13 часот.
Застапени се дела од различни медиуми – сликарство, инсталација, фотографија и скулптура, од автори како Петар Мазев, Ристо Калчевски, Симон Шемов, Душан Перчинков, Томо Шијак, Евгенија Демниевска, Благоја Маневски, Родољуб Анастасов, Славчо Соколовски, Станко Павлески, Глигор Стефанов, Петре Николоски, Симе Узуновски…
Изложбата ги обработува проблемите на македонската ликовна сцена, како континуитет од 60-те години. Оваа изложба е дел од серијата проблемски изложби на Музејот на современата уметност (започнато во половината на 90-те години) и е фокусирана на уметниците кои ја создавале сцената во тие години и се многу важни за создавање на онаа нова сцена во 90-те години на минатиот век, бидејќи ја промовираа неочекуваната возбудлива и транспарентна ликовна сцена во Македонија, паралелите на двете децении, можен континуитет во ликовната сцена. Тоа е делот кој има за цел да ја потсети јавноста на преобразбите што беа подготвени да ги почувствуваат и доживеат овие децении, посебно во чинот на обединување на сето она што егзистира во сликарството, скулптурата, графиката, фотографијата итн. е поврзано со барањето да се ревалоризираат изминатите искуства за да се допре до самите протагонисти во новите појави.
Идејата на ова проектно размислување (како дел од серијата на проблемски изложби на Музејот на современата уметност (започнато во половината на 90-те години) е фокусирано на преодните предизвикувачки преобразби делумно инкорпорирани од 60-те години, назначани преку 70-те години и вклопени во 80-те години, a чие продолжение e битно за 90-те години на минатиот век, бидејќи ја промовираа неочекуваната возбудлива и транспарентна ликовна сцена во Македонија. Актуелноста на проблемските изложби е поврзана со добро конципирани аспекти на толкувања, за да се воспостават високи критериуми, па во некоја претпоставена изолација, а целата продукција да се опфати како современа. Инстиктивниот предизвик е неопходен, за да се лоцираат паралелите на неутралноста на кодот што ја допира анахроноста на движењата што беа дел од компаративноста врзана за очекуваната цел. Проектната реализација беше насочена кон барање на релации меѓу двете децении, можен континуитет, а што е најважно да се воспостави посакуваната фрагментарост на делото што ја обликуваше репрезентативноста. Тоа е делот кој има за цел да ја потсети јавноста на преобразбите што беа подготвени да ги почувствуваат и доживеат овие децении.

Поставката се одвива според протоколите пропишани за организација на јавни настани во услови на пандемија.