Данокот за кучиња не е праведен, смета Холанѓанецот Гари Јановер кој во 2012 година почна иницијатива за собирање потписи. Тој денес во Претставничкиот дом на холандскиот парламент ги предал потребните 40.000 потписи како поддршка за укинување за тој закон.
Од 355 општини, во 201 се собира данок на кучиња, изјави Јановер. Годишно, зависно од општините, тој данок изнесува меѓу 15 и 125 евра, а Јановер смета дека со тој данок се пополнуваат општинските буџетски дупки.
Тие пари потоа исчезнуваат во општите фондови и можат да се користат од општините за што било. Се мисли дека тие пари се користат на пример за чистење на кучешки измет или нешто такво, но тоа во пракса не е така“, вели Јановер.
Во 2013 година Врховниот суд донесе одлука дека сопствениците на кучиња мораат да платат такса за своите миленичиња. Со таа одлука Врховниот суд ја преиначи одлуката на судот во Ден Бош кој сметаше дека воведување данок на кучиња е дискриминирачки, а според тоа и незаконски, затоа што општините немаат право да ги делат своите жители на тие што имаат и на тие што немаат кучиња.
Јановер, кој сега станал експерт за даноци за кучиња, открива дека тој закон има свои корени уште од 1461 година кога бил воведен за да им се помага на сиромашните, а потоа тие пари се користеле за справување со големата кучешка популација.
Сега тоа е обична даночна мерка“, вели тој.
Comments are closed for this post.