Директорот на Твитер, Џек Дорси беше мета на хакери. Официјалниот профил на првиот човек на Твитер е хакиран и од него се објавуваат расистички и вулгарни пораки.

Компанијата накратко се огласи со соопштение дека е отпочната истрага.

Дорси има повеќе од 4 милиони следачи на оваа друштвена мрежа.

За коосновачот на Твитер ова не е прв проблем кој го имал со мрежата со која раководи. Пред две години не можеше да пристапи на својот профил заради суспензија, односно „интерна грешка“, како што тогаш објаснија.