Епл тукушто направи нов програм со кој се дозволува малку подолго да го задржите Ајфон телефонот кому му истекла гаранцијата.

Наместо вашиот расипан или скршен Ајфон да го носите во скапа официјална Епл продавница, сега ќе можете да одите во неофицијален сервис кој ќе го поправи користејќи оригинални делови по значително пониски цени.

Ејпл во минатото своите алати ги држеше под клуч, но благодарение на новата програма на автотизираниет сервиси ќе им нуди оригинални делови, алатки, тренинг, упатства за поправка и дијагностичка опрема.

Сето ова значи дека малите и големите сервиси ќе може да го искористат новиот програм без да поминат низ ригорозната сертификација на Ејпл како би добиле авторизација.

Единствено барање е дека сервисите мораат да имаат техничар кој е Ејпл сертифициран.