Германскиот супермодел, 45-годишната Германка, Хајди Клум, се појави целосно гола на книгата на познатиот фотограф Расел Џејмс. Црно-белата фотографија на модната икона беше објавена на страницата и на Instagram.

На фотографијата Клум стои исправена пред објективот, со телото свртено на страна. Таа со рацете ги покрива своите гради и прави интересна гримаса.

Под фотографијата, која за само еден ден собра над 250.000 лајкови, Клум напиша:„Горда сум што се наоѓам во новата колекционерска книга на Расел Џејмс-„Ангели„.

Книгата е издадена во ограничен тираж.