Француска компанија беше изведена пред лицето на правдата за смртта на свој вработен, кој починал од инфаркт додека имал секс со непозната жена за време на службено патување.

Парискиот апелациски суд донесе одлука, според која, смртта на вработениот е несреќа на работното место и неговото семејство има право на обесштетување, соопшти Би Би Си. Од компанијата реагирале со аргумент дека во моментот на смртта мажот не исполнувал професионални обврски. Меѓутоа, според француското законодавство, работодавачот е одговорен за секој инцидент, што се случил за време на службено патување.

Мажот Хавиер Х. работел како инженер во железничка компанија со седиште во Париз. Тој починал во хотел за време на службено патување во централна Франција во 2013 година. Работодавачот неговата постапка ја оквалификувале како „вонбрачна врска со непозната“.

Меѓутоа, осигурителната компанија не се согласува со фирмата и вели дека сексуалната активност е нешто нормално како, на пример, капењето или јадењето. Со својата одлука Парискиот апелациски суд го потврди тоа гледиште. Вработен за време на службено патување има право на социјална заштита „за цело време на неговата задача“ независно од околностите.