Кога ќе помислат на Финска, прво на памет на луѓето им паѓа студеното време и мрачните предели. Оси Саринен, фински фотограф, верува дека оваа земја е многу повеќе од тоа и на своите фотографии ја прикажува сета нејзина магична страна.
Оси Саринен претставува потполно нова перспектива на финските природни убавини за љубителите на фотографијата. Шумите кои прекриваат три четвртини од оваа европска земја и нивниот жив свет се опсесија за 22 годишниот фотограф.
Оси ги бележи моментите поминати со дивите животни, а модели му се мистериозни и шармантни како да излегуваат директно од светот на фантазијата и бајките.
Овој фотограф верува дека секоја средба меѓу човек и животно е незаборавно и исклучително искуство, за што зборуваат и неговите фото-записи.
Comments are closed for this post.