Аца Лукас објаснувајќи за неговата книга „Тоа сум јас“ призна дека тој не ја напишал туку дека само пишувал белешки и нацрти.
Вистински автор на книгата е познатиот српски новинар Вања Булиќ кој го снимал Лукас додека му ги раскажува сите случки од неговиот живот и сето тоа убаво го сложил во книга.
Тоа се мои зборови, мои забелешки. Луѓето се шегуваат дали јас пишувам книга.. Заради тоа земав еминентен писател и новинар Вања Булиќ сето тоа убаво да го срочи бидејќи јас не знам да направам книга-призна пејачот за „ПИНК“.
Лукас вели дека продажбата на книгата оди одлично и оти наскоро почнува и снимање на серија за неговиот живот која ќе се вика „Кафана на Балкану“.
Comments are closed for this post.