По првата продажба и цена која била позната само на купувачот, единствениот во светот 1965 Форд ГТ40 „Роудстер Прототајп“ исчезна.

Легендарниот автомобил со години беше надвор од радарот, за конечно повторно да се појави.

Единствениот оригинален 1965 Форд ГТ40 „Роудстер Прототајп“ одново се најде на сцената, попрецизно на аукција.

Овој модел на Форд бил произведен во само 87 примероци

Сите милјардери кои ја пропуштија првата прилика, сега имаат уште една шанса да дојдат во посед на овој автомобил.

Се мисли дека постојат само пет, но со оригиналните делови само еден

Станува збор за еден од најценетите спортски автомобили во светот со неколку последователни победи на Ле Ман од 1966 до 1969 година.

Моделот кој се нуди на аукција ги поседува сите оригинални делови, а се проценува дека сумата за која ќе биде продаден би можело да достигне 9 милиони долари.