Работничка од обезбедувањето на аеродромот во Њујорк отпуштена е од работа заради тоа што на еден од патниците му предала на рака напишана порака: „Ти си грд!“.
Инцидентот се случил во јуни, но обелоденет е оваа недела, откако патникот Нил Страснер ја добил снимката од надзорната камера и ја поставил на каналот Јутјуб.
На снимката од меѓународниот аеродром „Грејтер Рочестер“ се гледа како работничката од обезбедувањето му дава на Страснер порака, по што тој поминал низ детекторот за метал.
Страснер вели дека во тој момент не размислувал на пораката и дека продолжил кон излезот, но работничката по него викнала „Ќе сакаш да ја прочиташ пораката?“
Кога тоа го направил, жената почнала да се смее, а тој подоцна се пожалил кај нејзините претпоставени.
Службата за сообраќајна безбедност соопшти дека жената работела како обезбедувач на договор и истакна дека имаат нулта толеранција за таквото однесување на вработените.
Comments are closed for this post.